Денес во О.У. „Христо Узунов“ најмладите се дружеа со македонските кошаркарски репрезентативци и со кошаркарите од КК. МЗТ – Скопје, кои викендов престојуваат во нашиот град по повод одржувањето на Меѓународниот кошаркарски тунир „Охрид Трофеј 2013“.
Целта на дружењето покрај забава, беше и да се развие спортската свест и спортската култура кај најмладите.
Учениците добија автограми од нашите репрезентативци, а беа доделени и кошаркарски топки за најдобрите.