По повод Денот на пензионерите на Македонија 20 септември, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, денес во големата сала на општина Охрид одржа пригодна свеченост. За историјатот, значењето, развојот и улогата на Сојузот на пензионерите на Македонија, а со тоа, и на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пригоден говор одржа претседателот на Извршниот одбор на пензионерите од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески.
Успехот на пензионерите – спортисти од Здружението е во преден план со што го воздигнаа ова Здружение како доста успешно и со достигнати врвни резултати, во Републиката, кои на неодамна одржаната Пензионерска спортска олимпијада во Штип го освоија преодниот пехар и по трите победи со ред, остана во трајна сопственост на охридските пензионери.