СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Ј.Д. (46) за сторено кривично дело – “затајување“ казниво по чл.239 од КЗ на РМ.
Според документираните сознанија од истрагата пријавениот во текот на јули годинава, односно на 09.07., во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, постапувајќи спротивно на договорот за вршење на универзална поштенска услуга, прием и достава на пратки, противправно присвоил парични средства кои му биле доверени во работењето, а кои требало да ги достави до крајните корисници со што ја оштетил АД Македонска Пошта за сума од 400.000 денари.
Ј.Д. откако од главната благајна во ЕПМ 1060 Ѓорче Петров од главниот благајник задолжил парични средства во висина од 400.000, денари за исплата на пензии и социјална помош за корисниците од с.Крушопек и с.Лака, во периодот од 09.07. до 17.07. годинава воопшто не извршил исплата на истите, ниту пак за паричните средтсва се раздолжил во главната благајна. Спротивно на тоа тој на 18.07. лично се јавил во просториите на АД Македонска Пошта каде што напишал изјава дека паричните средства му биле украдени од возилото и затоа истите не ги доставил до крајните корисници.
Од страна на СВР Скопје – ЕЕКК со пријавениот бил извршен разговор во кој истиот појаснил дека ташничката во која ги носел парите му испаднала од појасот и истата не успеал да ја најде, за што на 18.07. пријавил во АД македонска Пошта и по сопствена иницијатива дал отказ од работното место.