Охридските староградски средби годинава ќе се одржат на 28-ми септември.
Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции.
На годинешното фестивалско издание ќе настапат над 200 учесници од повеќе познати староградски состави:
-Хорот при Центарот за култура Охрид, Градски Тамбурашки оркестар од Штип, Октет Прилеп од НУ Центар за култура Прилеп, Распени гевгеличани од Гевгелија, Крива Паланка од Дом на култура Крива Паланка, Распени охриѓанки од Охрид и Градски хор од Штип.
Програмата е на високо ниво и е поддржана од Министерството за култура и пријателите на фестивалот.