ВМРО-Народн партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Доделувањето на стипендии на талентираните студенти е сосема исправна постапка и како таква ВМРО – Народна партија ја поздравува и поддржува. Но, јавноста знае дека и во претходните години студентите и талентираните спортисти добиваа финансиска помош од Општина Охрид и пред доаѓањето на Бакрачески на градоначалничкото место.
Проектот за стипендирање на студентите не започна минатата година како што Општина Охрид има истакнато на својата интернет страна туку тој проект е на предлог на ВМРО – Народна партија и се реализира уште од 2006 година.
Присвојувањето на проектите од минатото е единствената работа на сегашната локална власт. Ништо ново ниту донеле ниту можат да донесат. Светот не почна да постои со доаѓањето на ДПМНЕ и на Никола Бакрачески. И пред тоа Охрид живееше.“– стои во соопштението.