Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 03 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар.
Агрон К. (29) од Велешта на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од сега починатиот, излетало од патот и директно удрил во камена ограда.
Во тешката сообраќајна незгода, со телесни повреди се здобил Б.В. (42) од селото Велешта. Тој е пренесен на хируршкото одделение во општата болница во Струга каде е задржан на понатамошно лекување. На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга.
За време на увидот, полициски службеник вршеше физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат по споредни патишта и улици.
Се утврдуваат причините за тешката сообраќајна незгода.