Македонија без отпад

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“, на 5-ти Октомври (сабота) и годинава ќе се спроведе кампањата „Македонија без отпад“ која има за цел да допринесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Годинешната акција е поддржана од Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ и ќе се спроведе во сабота (5 октомври) на локалитетот Кале со почеток во 08 часот.

Сите заинтересирани граѓани  можат  да се вклучат во акцијата на два пункта и тоа: пред влезот на Самоиловата тврдина и на паркингот кај Горна Порта.

Целиот отпад што ќе биде собран ќе биде подигнат од страна на ЈП „Охридски Комуналец“.