Реализирана Основна обука со 320 кандидати од курсот за полицаец

Согласно Наставната програма за Основна обука за полицаец донесена од Министерот за внатрешни работи, во периодот од 23.09. до 02.10. на терените во и околу Центарот за обука беа реализирани предвидените наставни теми и содржини со 320 кандидати за полицаец од курсот за основна обука за полицаец, со особен акцент на темите од суштинската активност – Гранична надзор.

Целта на логорувањето како симулација на автентична професионална средина беше слушателите, низ серија програмирани ситуации коишто приближно ги доловуваат реалните локации, настани и активности, да се стекнат со знаења и вештини коишто ќе ги увежбаат и зацврснат стекнатите компетенциии и ќе ги подготви за поуспешно справување со идните реални ситуации на работните места.

Врз основа на претходно изготвениот наставен план на терените во Центарот за обука првично се воспостави и организира логорот со служби и обезбедување, но и се обработи наставната тема картографија со топографија. Потоа на стрелиштето во Центарот за обука беше спроведено гаѓање со Автоматска пушка М70 калибар 7,62 мм како и гаѓање со Пиштол ЦЗ 99 кал 9 мм. Слушателите беа транспортирани до месноста Чојлија, кај  с. Петровец каде ги увежбуваа оперативно – тактичките мерки и активности како што се заседа, рација, блокада, потраги. Исто така беше спроведен марш од селото Катланово до езерото с. Брезница (велешко) и назад пришто беше увежбуван правилниот начин на движење и совладување на отворен простор. Во Центарот за обука беа совладувани и темите како што се справувањето со повреда на државна граница, беше презентирана  техничката опрема за надзор на границата како и обезбедување на лице место на задес или незгода.

Полициско-теренската обука беше успешно реализирана од страна на советниците – обучувачи од Центарот за обука и припадници на ЕСЗ и ЕБР.