Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ ќе го претставуваат Охрид на УНЕСКО кампот

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ помогнато од Локалната самоуправа ги заврши подготовките за учество во УНЕСКО кампот кој ќе се одржи во Пиран, Словенија од 07-11.10.2013 година и Кикинда Р.Србија од 10-14.10.2013.

Тројца ученици и еден ментор ќе го претставуваат училиштето, градот и државата во Пиран заедно со осум други училишта од Европа и тројца ученици и двајца ментори ќе го преставуваат во Кикинда.

ОУ „Св.Климент Охридски“ е единствено училиште во државата кое е вклучено во УНЕСКО камповите, чија цел е размена на искуства (учество во различни работилници-ученици ментори), промоција на градот (секое училиште има свој штанд на кој се поставува прапаганден материјал од градот и се дели на учесниците и минувачите), запознавање на културата-традицијата (се поставуваат традиционални јадења и се дегустираат истите) на сите учесници.

UneskoKamp2