Веслачите на Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид утринава се вратија од Пловдив Република Бугарија каде што викендов учествуваа на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ освојувајки шест медалји и тоа:
Анастазија Паскали го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за кадетки, и второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за сениорки.
Мартина Тодоровска го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за лесни веслачки во сениорска категорија, исто така го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за јуниорки и во дисциплината веслање на ергометар за јуниорки го освои второто место – сребрен медал.
Исабела Димовска го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за сениорки.