По повод Кампањата за недела на борба против гладта, училиштето ОУ„ Григор Прличев“ – Охрид организира и започна хуманитарна акција „ОД НАШАТА РАКА – ДО ГЛАДНИТЕ УСТИ“.
Секој ученик и вработен во училиштето кој сака да помогне во текот на оваа недела, поточно од 08. 10. 2013 (вторник) до 10.10.2013 (четврток), може да донесе прехрамбени продукти кои се оставаат на штандот пред влезот на училишната зграда, а се наменети за ранливата категорија.
Акцијата успешно започна, а продуктите ќе се достават во општинскиот Црвен Крст.