Утре во Центарот за култура ќе бидат промовирани два документарни филмови

По повод 11 октомври за утрешната промоција на документарните филмови „ОХРИДСКИ БРИЉАНТИ“ на авторот Ѓоко Симјаноски и „КИНО ОХРИДСКО ЕЗЕРО“ на авторот Љупчо Паункоски, директорката на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Драгана Боцеска, заедно со самите автори одржа прес средба со новинарите.

„Овие филмови обработуваат теми од животот, културно забавниот живот во градот Охрид, во едно минато време. Во нив се вклучени луѓе кои што до ден денес се живи и кои што дале свој прилог во културата, забавата, пред повеќе години“, – истакна на денешната прес-конференција директорката Боцеска.

Филмот „Кино Охридско Езеро“ обработува еден период од првата половина на 20 век, од неговиот почеток од 1924 година, па се до денес.

„Многу наши сограѓани поминувајќи покрај киното и до ден денес, посебно младите се прашуваат што претставувало, кој го направил ова кино, кои луѓе работеле во него, какви филмови се прожектирале, тоа остана енигма. Филмот е работен скоро една година собирајќи податоци. Најмногу ми помогнаа наследниците од човекот Миле Петкоски Мартиноски кој го изгради тоа кино, наследниците негови, тоа се внуките Нада Бабачева и Лилјaна Маленко. Во разговор со нив собрав доста документи од изградбата на киното, проектите на киното, фотографии. Сакав да направам комплетна целина, да не пропуштам ништо да биде се опфатено во тој фил и мислам дека успеав“, – изјави Љупчо Паункоски.

LjupcoPaunkoski

Како што рече самиот автор филмот бил направен од повеќе причини.

„Прво тој е дел од историјата од Охрид во тоа време не постоело нити интернет нити телевизијав, нити други средства, нити мобилни телефони, едина забава им било тоа на охриѓани кои редовно го посетувале. Така да темата е интересна за многу наши сограѓани, ќе имаат прилика да го видат филмот. Колку тоа јас успеав да го прикажам во еден документарен филм од 37-38 минути ќе покажат самите гледачи кога ќе го видат, дали се е опфатено или не во тој период“, – вели Паункоски.

И докуменарниот филм „Охридски Бриљанти“ опфаќа еден период од минатото на Охрид.

„Јас сретнав на интернет еден исечок од еден весник од 1965 година дека во тоа време постоело некој вокално инструментален состав имено како Бриљанти. Ме заинтересира. Меѓутоа тоа што го красел составот бил големиот ентузијазам, а тие биле многу млади по дваесет години, свиреле на игранки, во „Синдикални“ во „ПТТ“ и.т.н. Приказната сакав да ја поврзам со денешните дни“, – изјави авторот Ѓоко Симјаноски.

GokoSimjanoski

Почетокот на двата документарни филмови е во 18 часот.

WebOhrid