Во рамките на своите едукативни програми за поттикнување на креативноста и хуманоста кај широката популација, особено кај младите, Црвен крст Охрид започна со реализација на оригами работилници, кои опфаќаат изработка на најразлични фигури од хартија. Преку 30 млади, од различна возраст, предводени од инструкторот за оригами Наташа Алексиќ ги развиваат своите креативни способности изработувајќи најразлични предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за поддршка на хуманитарните акции на Црвен крст Охрид.
Деновиве, членовите на оригами клубот при Црвен крст Охрид интензивно работат на подготовка на предмети кои ќе бидат употребени во Неделата на борба против гладта, од 16-22 октомври, преку продажба, да се соберат средства за набавка на прехранбени производи за социјално најзагрозените семејства во општина Охрид.