Анимираниот филм „Курт станува зол“ на репертоарот во Центарот за култура

Следната недела, односно од 29-ти октомври до 1-ви ноември со почеток во 18:00 часот на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ -Охрид ќе се прикажува анимираниот филм „Курт станува зол“. 

Курт е паметен човек и е неверојатно добар возач на камион, но не секој го гледа Курт каков што тој навистина е. Еден ден, некој му кажува на Курт дека лекарите се поважни од возачите на камиони. Од тој момент самодовербата на Курт е длабоко повредена. Заедно со неговиот син Бад, Курт прави се за да стане важен. Но Курт станува зол.

Влезот чини 100 денари.