Усвоени предлози на закони за реализација на патни делници меѓу кои и автопатот Кичево-Охрид

На 74тата седница на Собранието на Република Македонија беа усвоени Предлог на закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево- Охрид и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид”, кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта со кој се овозможува почеток на изградба на автопатите Скопје- Штип и Кичево- Струга- Охрид. Вкупната инвецтиција за двата автопати изнесува 574 милиони евра што е најголема инвестиција во инфраструктура децении наназад во Република Македонија.

Со законите се остварува долгогодишната заложба за изградба на автопат кон Охрид. Автопатот треба да се изгради во рок од 3 години односно во 2017 година терба да биде пуштен во употреба. Изградбата на автопатот ќе има краткорочни и долгорочни финансиски бенефити. Краткорочно се очекува над 3000 луѓе да работат н негова изградба. Исто така согласно законот најмалку 49% од подизведувачите и најмалку 51% од работниците треба да се од Република Македонија. Додека долгорочните ефекти значат побрзо и посигурно сообраќајно поврзување, силен потик на локалната економија, развој на мало стопанство долж автопатот, како и поголем развој на туризмот.

Во рамки на дебатата во Собранието на Република Македонија своја поддршка дадоа и пратениците од 5тата изборна единица Александар Николоски и Харалампие Шокароски.

Во своите обраќања Алкександар Николоски истакна дека: „Изградбата на автопатот Охрид- Кичево, како и на автопатот Скопје- Штип преставува нaјзначајната и најголема инвестиција во инфраструктура во поновата македонска историја. Вкупната вредност на двата автопати е 574 милиони евра, а вкупниот рок за изградба е само 3 години што е еден од најкратките рокови за иградба на автопати. Иградбата на автопатот за мене како пратеник преставува гордост на реализиран нaјкрупен проект, но и одлжување кон граѓаните на Охрид и 5тата изборна единица од опшините Кичево, Дебрца, Струга и Вевчани кои ни ја даваат подршката сите изминати години. Во услови на светска екомска криза кога заради зголемени цена на нафта, намален проток на возила, немање слободни финансиски средства како и вискоки камати на комерцијалните банки да се изнајде можност за кредит со само 2% камата е навистина исклучително постигнување. Автопатот ќе значи побрзо поврзување на Охрид, посигурно патување, но исто тата силен импулс за брз економски и туристички развој. Граѓаните на Охрди и на останатите ошпштини опфатени со автопатот треба да знаат дека проектот покрај долгорочен има и краткорочен силен финансиски бенефит. Имено согласно законот најмалку 49% од работите треба да ги изведуваат подизведувачи од Македонија, а најмалку 51% од тие што ќе работат на изградба да се од Македонија, тоа значи дека голем дел од стредставта ќе останата дома, а ќе се отворат за брзо голем број работни места. Исто така би сакал да кажам дека ќе го подржам секој следен закон кој ќе се однесува на изградба на нови автопати во Република Македонија во рамки на можностите на државата. Се надевам дека за три години со гордост ќе можеме да ја пресечеме лентата на автопатот и сите заеднички да ги ползуваме неговите придобивки, а денешното усвојување во Собранието на Република Македонија на законот за изградба на автопатот преставува отворање на вратата за изградба на автопатот“.

Пратеникот Харалампие Шокароски во својот говор истакна: „Претставува особено задоолство да се биде во политичка гарнитура која носи одлуки за големи инфаструктурни проекти, од огромно значење за населението во Југозападниот регион особено од општините кои гравитираат кон овој регион Охрид, Струга, Кичево, Дебрца и Вевчани. Покрај краткорочните економски ефекти во смисла на ангажман на голем број градежни фирми и работници, како и на попатни инфраструктурни гранки кои би значеле нови вработувања, од исклучително значење е да се напомене дека од утре поголема важност е перспективата која ја добива целиот регион особено Охрид како туристички центар и град кој добива можност да се врати на старите патеки на интензивен стопански развој. Изградбата на автопатот ќе обезбеди брз пред се безбеден проток на луѓе и стоки, што ќе придонесе за зголемен интерес на инвеститорите, како домашни, така и странски. Сите овие предуслови ќе значат и илјадници млади својата иднина да ја видат во Охрид, Струга, Кичево, Дебрца и Вевчани“.