„Охридски Комуналец“ на терен во населбата „Радојца Новичиќ“

Од утринава, механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ презема акција за чистење и уредување на населбата „Радојца Новичиќ“. Акцијата е дел од дополнителните ангажирања на ова јавно претпријатие за подигање на зелен и кабаст отпад од населбите во општината. Одличните временски состојби и сончевото време, дополнително придонесоа за зголемување на ефектите од акцијата, а денес истата ќе трае додека не се подигне целиот регистриран отпад во населбата.

И во текот на месец ноември, секоја сабота ќе биде посветена на подигнување на кабаст отпад во останатите градски населби и тоа по следниот редослед:

02.11.2013- населбите „Христо Узунов“, „Карабегомаала“ и „Горна Влашка маала“

09.11.2013- населбите „Воска“ и „Даљан“

16.11.2013- населбата „Видобишта“

23.11.2013- населбата „Црногорци“

Komunalec_Novicic_4851 Komunalec_Novicic_4852 Komunalec_Novicic_4853