На терените во „Куќата на фубдалот“ в се одигра натпревар во чест на одбележувањето на првиот меѓународен натпревар на македонската фудбалска репрезентација. Тоа попладне на 13 октомври 1993 година во Крањ славеме убедлива победа против Словенија со 1-4. Првиот историски гол за „црвено-жолтите“ го постигна Зоран Бошковски-Чоко. Токму популарниот голетер на почетокот на средбата не ги криеше емоците и со солзи на очите се присети на историскиот момент. За нашата репрезентација погодоци на оваа средба постигнаа уште: Дарко Панчев, Драган Канатларовски и Чедомир Јаневски. Пред почетокот на оваа средба претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓоски на фудбалерите од генерацијата 1993 им подари дрес.
Најавата за оваа средба ја направија доајените на македонското спортско новинарство: Атанас Костовски-првиот коментатор на тв од фудбалски репрезентивен натревар, Александар Стиков-првиот радио репортер и Миодраг Мицковиќ-поранешен новинар во Нова Македонија. За генерацијата 1993 на оваа средба настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Љупчо Марковски, Светозар Станковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Јовановски, Зоран Бошковски, Тони Мицевски, Бобан Бабунски, Ванчо Мицевски, Горан Ѓорѓиевски, Вујадин Станојковиќ и Митко Стојковски. За составот на Македонија Новинари на оваа средба играа: Јане Николов, Гоце Седловски, Александар Васовски, Марјан Стојковски, Жанко Савов, Игор Ангелковски, Арѓент Бекири, Јовче Џипунов, Ѓорѓи Христов, Жарко Серафимовски, Драган Веселиновски, Данчо Целевски, Томче Трајановски, Љубо Милошевиќ.