Вчера околу 18:30 часот, во Скопје на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на железничката станица, две лица извршиле разбојништво над М.С.(23) од Охрид, откако истиот од банкомат извадил пари, на тој начин што физички го нападнале и со нож му нанеле убод во левата рака, му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари и се дале во бегство. Полициската станцица од Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителите.