Сателитот „ГОЦЕ“ ќе се сруши на Земјата во наредните 48 часа

Европската вселенска агенција (ESA) соопшти дека истражувачкиот сателит „GOCE“, кој веќе четири години го следи Земјиното гравитационо поле, ќе се сруши на Земјата во наредните 48 часа, односно во недела навечер или во понеделник.

Според научниците, 1.100 килограми тешкиот сателит моментално кружи околу Земјата на висина од 170 километри, што претставува исклучително ниска орбита. Штом дојде на 80 километри, „GOCE“ за време на неговиот пад ќе почне да согорува во атмосферата, при што се очекува да согорат четири петтини од него.

Иако засега не може да се предвиди каде би паднале деловите од сателитот, Европската вселенска агенција истакна дека за 250 илјади пати е поголема шансата некој да добие на лото, отколку сателитот да погоди населено место, од кој кој би останале само 90 килограми.

„GOCE“ на 21 октомври остана без гориво, со што неговото срушување беше очекувано. Директорот на ЕЅА, Волкер Либиг, изјави дека овој сателит досега има обезбедено најпрецизни податоци за гравитационото поле.

фото: ESA