Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски на работна посета во Италија и Словенија

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски остварува работна посета на Република Италија и Република Словенија. Целта на работната посета е размена на искуства во погранична соработка за искористување на ИПА средствата. За таа цел беа одржани неколку работни средби во градовите Трст и Копар на кои беа разгледувани можностите за погранична соработка. Покрај градоначалникот Трајковски на работните средби присуствува  министерот за локална самоуправа Тахир Хани и градоначалници од други Општини во Република Македонија.

Градоначалникот Трајковски се надева дека стекнатите искуства при посетата и работните состаноците ќе допринесат за побрза имплементација и искористување на ИПА средствата во интерес на Општина Дебрца.

IgorTrajkoski02