ВМРО-НП: Да се искористат идеите на градските татковци

ВМРО – Народна партија во врска со Советот на градски татковци испрати соопштение во кое стои:

„Откако новата власт во Локалната самоуправа го превзеде раководењето со Општината, една од првите активности беше формирање Совет на градски татковци. Во него членуваат успешни и искусни бизнисмени, образовани луѓе кои се докажале во својата професија.

Основната цел на ова тело беше да помага во развојот на Охрид и во привлекувањето инвестиции. Јавноста, до денес, не е запозната дали ова тело воопшто функционира, дали се состанува, дали работи за остварување на цела за кое беше формирано или сето тоа беше само уште еден маркетингшки трик.

Бидејќи сметаме дека во ова тело членуваат успешни луѓе, искусни бизнисмени и луѓе кои се истакнале во општеството ги повикуваме Локалната самоуправа и ДПМНЕ да ги искористат нивните идеи, предлози и кога веќе постои ова тело, нека функционира.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија Охрид.