Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП Градски Пазар Охрид бр.08-6948/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување
на пазари на големо и мало ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид
Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид, треба да ги исполнуваат следните услови, потребни за извршување на работата, предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на ЈП ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид:
Да е државјанин на Република Македонија;
Да има високо образование VII-1 степен;
Да има 5 ( пет ) години работно искуство.
Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните:
Пријава за конкурсот;
Кратка биографија на кандидатот;
Доказ за завршено високо образование (диплома или уверение );
Доказ за работно искуство;
Потребните документи се поднесуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
Покрај потребните документи, кандидатот треба да достави и Програма за работа на јавното претпријатие.
Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.
Сите пријавени кандидати имаат еднакви можности да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.
Пристигнатите документи ќе ги прегледува три члена комисија избрана од страна на Градоначалникот на Општина Охрид и во рок од 8 ( осум ) дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до Градоначалникот, кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата, Градоначалникот носи Одлука за избор на Директор. Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, со назнака ( ЗА ЈАВЕН КОНКУРС ).
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување во дневните весници.
Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.
ОПШТИНА ОХРИД
ГРАДОНАЧАЛНИК:
Никола Бакрачески