Конкурс за учесници на циклус од шест обуки за работни вештини за млади

Младински образовен форум во соработка со Волонтерски центар Скопје, Капитал Медиа Груп, Општина Карпош и Општина Центар, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Програмата за развој на Обдинетите нации во рамките на проектот “Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“распишува конкурс за учесници на циклус од шест обуки за јакнење на капацитетите на младите и зголемувањето на нивното активно учество во општествените процеси и процесите на носење одлуки.

Учесниците кои ќе ги посетат сите шест обуките ќе добијат сертификат. Дел од учесниците на обуките ќе добијат можност за волонтерство во организациите, институциите и компаниите кои го спроведуваат проектот.

Листата на обуки кои учесниците ќе можат да ги следат е:

  1. Управување со проектен циклус
  2. Социјално претприемништво
  3. Финансиска писменост и менаџирање на лични финансии.
  4. Менаџмент и брендирање на компанија
  5. Начин на работење на локална самоуправа
  6. Активно граѓанство и учество

За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се во потрага по работа.
  • Да се апсолвенти, дипломирани или магистрирани, на возраст до 25 години.
  • Да се во можност да ги посетат сите шест обуки.

Сите заинтересирани може да се пријават на obuki@mof.org.mk со испраќање на апликација и CV најдоцна до 21ви ноември 2013. Апликацијата за учество може да се преземе од www.mof.mk. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 26ти ноември.

Обуките се дводневни [8 часа вклучувајќи и паузи], а ќе се реализираат во Скопје за време на викендите на следниве датуми: 30 ноември – 1 декември, 7 – 8 декември, 14 – 15 декември, 21 – 22 декември, 2013

година; и 18 – 19 јануари, 25 – 26 јануари, 2014 година.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик во соработка со Општина Карпош, Општина Центар и Капитал Медиа Груп. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации за конкурсот:

Младински образовен форум 02 3139 692 Лок. 103, obuki@mof.org.mk