Македонија У21 поразена од Норвешка У21 со 1:3

Репрезентацијата на Македонија У21 на домашен терен претрпе пораз од репрезентацијата на Норвешка У21 во рамките на квалификациите за Европското У21 првенство 2015 кое ќе се одржи во Чешка.

Македонија имаше добар резултат по првото полувреме. Со голот на Дарко Велкоски во 45 минута Македонија имаше солидна предност, но со почетокот на второто полувреме Норвешка не врати во реалноста. Гостите изедначија во 47 минута со голот на Елбасан Рашани, а дојдоа во водство во 54 минута со голот на Валон Бериша од пенал. Хавард Нилсен во 71 минута го постигна третиот гол за Норвешка со што ја осигура победата на неговиот тим.

По 4 одиграни натпревари репрезентацијата на Македонија У21 во Групата 8 има 4 бодови и се наоѓа на 4 место. На првото место во групата се наоѓа Португалија со 12 бодови, на второ место е Израел со 9 бодови, на третото место се наоѓа Норвешка со 6 бодови, додека пак на последното 5 место е репрезентацијата на Азербејџан со 4 бодови.

WebOhrid