Спречен обид за шверц на накит

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за нелегално внесување на околу 1500 парчиња накит Swarovski.

На 18 ноември 2013 година, околу 9 часот наутро, на граничниот премин Деве Баир за влез во државата се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјани, а како сопатник патувала и осомничената во случајот, исто така бугарска државјанка, со иницијали И.А. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат туристички  во Скопје каде ќе останат три дена. При контрола на нивниот личен багаж, во пет патни торби покриени со хартиени каталози за накит, пронајдени се 1449 парчиња накит од трговската марка Swarovski – кристали, привезоци, апликации и монистри со приближна тежина од 4 килограми. Непријавената стока е привремено задржана, според првичните проценки нејзината вредност изнесува 420 илјади денари, а избегнати царински давачки се околку 125 илјади денари, а во малопродажба вредноста би се зголемила и за три пати.

Осомничената се претставува како менаџер за Swarovski за дел од балканските земји – Бугарија, Македонија и Србија. Во Република Македонија доаѓала со цел да изврши презентација на накитот кој не е нејзина сопственост и не е наменет за продажба, туку од фирмата каде е вработена и бил даден како презентациски материјал. Но, осомничената не поседувала официјална покана за презентација во Македонија ниту пак имала обавени контакти за организација на презентацијата.

Против пријавената Царинска управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење затоа што со намера да ја избегне царинската контрола пренесе стока со поголема вредност.

SvercNakit1