Обновено известување за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Се известуваат граѓаните дека на објавениот ЈАВЕН ПОВИК за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха и над 10 ха за регионот Охрид, во ставот 2 точката се брише, се става запирка и се додаваат зборовите „но за земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад со старост најмалку од 3 години“.

Во ставот 3 алинеа 2 зборовите „и оранжерии“ се бришат исто така се бришат и алинеа 3 алинеа 4 и алинеите 5 и 6. Овие измени се однесуваат на Јавниот повик 05/13 и јавниот повик 11/13 објавени на 15.11 2013 г.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до ПЕ на МЗШВ-Охрид, до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во Скопје на телефон 02/3134477 или до општинската Канцеларија за административна и стучна поддршка на развојот на земјоделието на телефонот 046/230-175.