За учесниците во акцијата „Денот на дрвото- засади ја својата иднина“, есен 2013 година, што ќе се одржи утре на 27- ми ноември, организиран е посебен превоз.
Според оперативниот план,
– 2 автобуси ќе тргнат од пред ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“,
– 2 автобуси од ОУТУ „Ванчо Питошески“,
– 2 автобуси од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и
– 1 автобус ќе тргнува од пред зградата на Општина Охрид.
Автобусите ќе поаѓаат во 9:00 и 11:00 часот.
Оваа година ќе се засадат дрва во месноста „Мазатар“ кај селото Горно Лакочереј.