Градоначалникот Бакрачески охрабрува: „Нафта за греење на училиштата ќе има доволно, и за училниците и за спортските сали!“
На прашање на новинарите околу греењето на училиштата за претстојната зима, градоначалникот Бакрачески ја даде следнава изјава:
„Ние се грижиме во една законска постапка, значи запазувајќи ги сите регулативи на Законот за јавни набавки да обезбедиме греење за школите. За жал, во изминатиов период постапката е навремено почната, меѓутоа со оглед на тоа што немавме доволно понудувачи за набавка на нафта за греење, во овој период, значи Секторот за јавни набавки ќе спроведе постапка со преговарање и се надевам дека навремено ќе имаме можност да ги снабдиме школите со нафта за греење, така да ќе имаме можност да ги загрееме не само училишните простории, туку и спортските сали“. – истакна градоначалникот Бакрачески.