По завршувањето на квалификацискиот циклус и после еден месец без репрезентативни натпревари, репрезентацијата на Македонија забележа скок од две места на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, денес фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 84 место.
Нема промени на врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Шпанија, Германија и Аргентина.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Куба, со скок од +27 места се најде на 47-мо место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Гвајана од -36 места и се најде на 150-то место.
WebOhrid