Општина: Новото раководство на СДСМ од Охрид продолжува по стариот терк со лаги, манипулации и кафеански инспирации

Во врска со реакцијата на СДСМ за вчерашниот прес на градоначалникот Бакрачески, Општина Охрид излезе со реакција во која стои:

„И покрај јасните и прецизни податоци,  кои градоначалнкот Никола Бакрачески ги презентираше на прес конференцијата одржана на 1 декември, добиени од општинските стручни служби, (со кои до неодамна раководеше СДСМ), ОО на СДСМ Охрид повторно најде за сходно да реагира, со на нивни својствен начин – неаргументирано, произволно, безидејно. Како поинаку да се разбере нивната рекција, кога со ниту еден факт не го оспоруваат она што го изјави градоначалникот за висината на долговите на Општина Охрид, за структурата на истите и за времето кога се направени. СДСМ партиципира во Советот на општината со свои советници, кои имаат законско право и обврска да се информираат од надлежните служби и да добијат ВЕРОДОСТОЈНИ информации, а не истите да се фабрикуваат со крајезерска кафеанска инспирација и повеќе да личат на чаршиска – шоу програма, отколу на серизен партиски став.

И повторно за граѓаните да немаат никакви дилеми, ќе повториме дека нивниот истакнат член и поранешен градоначалник Александар Петрески ја остави Општина Охрид со долг од 33 милиони евра и блокирана сметка од извршни судски решенија од 14 милиони евра, а ја затекна со долг од 1,4 милиони евра. За осум години владение на Петрески, исплатени се над 8 милиони денари за гориво за службените општински автомобили, 17 милиони денари за службени патувања и над 27 милиони денари за репрезентација.

Ова се податоци од релевантни институции, кои се во служба и на СДСМ, само доколку новото раководство сака да ги користи, како што може многу лесно да ги провери и податоците за тоа што во изминативе 8 месеци остварила новата Локална власт и градоначалникот Бакрачески. Само ќе потсетиме на дел од активностите и проекти кои до овој момент се релизирани: Асфалтирање и санација на улиците во градот и руралните средини во површина од 23.288 м2, во вкупна вредност од 33.505.442, денари, водоснабдување и нови водоводни системи во вкупна вредност од 2.540.000 денари; За работи извршени кон локалната самуправа, кон јавните претпријатија исплатени се средства во висина од 28.187.215 денари, за осовременување и санација на јавното осветлување 19.856.651 денари, а кон училиштата во градов и ЈОУДГ “Јасна Ристеска“ трансферирани се 10.321.445 денари. Ова се само мал дел од резултатите на локалната самуправа, а ние секогаш сме подготвени за отчетност пред граѓаните и за проектите кои се во тек на извршување.

Што се однесува до подробностите за тоа како нараснувал долгот, на задоволство на ОО на СДСМ, на наредната седница на Советот на Општина Охрид, ќе излеземе со детална спецификација за сите долгови и фирми кои учестувале во неговото енормно зголемување, за конечно “другарите“ од СДСМ да престанат да ја лажат јавноста и ако можат барем за миг да си го погледнат ликот во огледало, без притоа истото да посакаат да го скршат незадоволни од одразот што ќе го видат во него.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.