По повод „3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност“, учениците од училиштето „Св.Климент Охридски“ во просториите за учениците со посебни образовни потреби, организираа работилница со наслов „Со своја рака, направив без мака“. Во работилницата ќе се изработува накит со урбан мотив кој ќе биде изложен на продажната изложба во Центарот за култура „Григор Прличев“ по повод Патрониот празник на училиштето.
„Учество во работилницата ќе земат учениците со посебни образовни потреби, учениците од редовната настава, наставници, родители. Средствата од продажната изложба ќе бидат наменети за обновување материјали за работа и изработка на накит и постојано опстојување на работилница за изработка на накит на учениците со посебни образовни потреби. Сето тоа ќе овозможи понатамошно учество на продажни изложби во пошироки рамки и промоција на ракотворбите на учениците со посебни образовни потреби“. – истакна директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.
За реализација на оваа работилница наставниците-дефектолози Лилија Стиловска, Лидија Крстиновска, Весна Кајмакоска посебно им се заблагодарува на Директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, НБО „Лајонс клуб Десарети“ од Охрид и Царе Здравеска која донираше накит и алатки за изработка на накит.









