Писмо: Целосно се согласувам и ја поддржувам идејата на Градоначалникот, конечно да се реши долгогодишната голгота со фабриката ЕМО и нејзините вработени луѓе

Повод: Иницијативата на градоначалникот Никола Бакрачески, фабриката ЕМО од Охрид да се трансформира во индустриска економска зона

Почитуван Градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, целосно се согласувам и ја поддржувам вашата идеја конечно да се реши долгогодишната голгота со фабриката ЕМО и нејзините вработени луѓе.

Со отварањето на индустриска економска зона:

– Економски ќе заживее градот Охрид,

– Невработеноста ќе се намали

– Економскиот стандард на граѓаните ќе се движи во нагорна линија

За потсетување:

Независно што ќе се гради, мора да се внимава на еколошката заштита на економските потенцијали на Охридското Езеро:

– водена маса од 58 км3 вода

– езерски брег од над 50 км за развој на езерскиот туризам

– езерска фауна

а) салмонидна од 300 тони

б) ципринидна од 200 тони

Најголемите загадувачи на северниот езерски брег од Охридското Езеро се реките Далјан и Грашница. Токму овие реки со своите притоки минуваат во непосредна близина на фабриката ЕМО од Охрид. Неминовно е од еколошки аспект паралелно со изградбата на индустриската економска зона да се работи на проектот: 

Пренасочување на реката Грашница во Далјан и изградба на мини прочистителна станица на реката Далјан. Водите од двете реки еколошки чисти, односно од прва и втора категорија, да се вливаат во Охридското Езеро.

Со почит, Наумоски Лазо дипл. инж. агроном – независен екологист од Охрид

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.