Повод: Иницијативата на градоначалникот Никола Бакрачески, фабриката ЕМО од Охрид да се трансформира во индустриска економска зона
Почитуван Градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, целосно се согласувам и ја поддржувам вашата идеја конечно да се реши долгогодишната голгота со фабриката ЕМО и нејзините вработени луѓе.
Со отварањето на индустриска економска зона:
– Економски ќе заживее градот Охрид,
– Невработеноста ќе се намали
– Економскиот стандард на граѓаните ќе се движи во нагорна линија
За потсетување:
Независно што ќе се гради, мора да се внимава на еколошката заштита на економските потенцијали на Охридското Езеро:
– водена маса од 58 км3 вода
– езерски брег од над 50 км за развој на езерскиот туризам
– езерска фауна
а) салмонидна од 300 тони
б) ципринидна од 200 тони
Најголемите загадувачи на северниот езерски брег од Охридското Езеро се реките Далјан и Грашница. Токму овие реки со своите притоки минуваат во непосредна близина на фабриката ЕМО од Охрид. Неминовно е од еколошки аспект паралелно со изградбата на индустриската економска зона да се работи на проектот:
Пренасочување на реката Грашница во Далјан и изградба на мини прочистителна станица на реката Далјан. Водите од двете реки еколошки чисти, односно од прва и втора категорија, да се вливаат во Охридското Езеро.
Со почит, Наумоски Лазо дипл. инж. агроном – независен екологист од Охрид
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.