Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“ Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца на 7 декември (сабота) во 10 часот, организира турнир во шах во машка и женска конкуренција. На турнирот ќе земат учество околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар, и домаќинот и организатор ЗП Охрид.
Шахистите ќе се натпреваруваат во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде. Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот на Охрид – Осми декември Денот на „Свети Климент Охридски“. Учесниците на турнирот ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.
За време на одржувањето на турнирот во шах, претседателите на ЗП од градовите учесници на турнирот ќе потпишат Меморандум за меѓусебна соработка со кој ќе се регулираат формите и начините на заемната соработка во повеќе области и давање на подршка и логистика при организирање на разновидни културни и спортски мифестации на здруженијата на пензионерите од регионален и републички карактер.