Градоначалникот на Винковци и неговиот заменик остварија средба со советникот Љупчо Настоски

Градоначалникот на Винковци Младен Карлиќ и заменик градоначалникот Томислав Шариќ кои викендов престојуваа во Охрид по повод одбележувањето на 8 декември, денот на Св.Климент Охридски, патронот на Охрид, остварија средба со советникот во Општина Охрид и претседател на ОО на ГРОМ-Охрид, Љупчо Настоски.

Во текот на вчерашниот ден тие беа на гости во Регионалната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ – Охрид.

На средбата со претседателот на Општинската организација на ГРОМ-Охрид, Љупчо Настоски, гостите  разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка која успешно се одвива долги години. Имено, Љупчо Настоски, како независен советник во Општина Охрид во повеќе наврати престојуваше во Винковци, а исто така повеќепати се  покажа и  како добар домаќин на првите луѓе на Општината Винковци.