Реакција од Општина Дебарца во врска со денешната прес средба на ОО на СДСМ Дебарца

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Дебарца, со реакција излегоа од кабинетот на градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски, во која стои:

„Јасна и недвослислена е фрустрацијата на ОО СДСМ во однос на поразот кој им беше нанесен на локалните избори. За тоа сведочат секојдневните небулозни соопштенија, реакции и контра реакции, а сега согледуваме и пресови на кои во најмала рака неосновано и со дрзок вокабулар се напаѓа градоначалникот на Општина Дебрца, господинот Игор Трајкоски.

Замислете, ОО СДСМ  Дебрца воопшто ги немаше со соопштенија и пресови за време на нивното 16 годишно владеење во Општина Дебрца.

Од оваа не може ништо друго да се заклучи освен дека немало што да покажат или  нивната работа била крајно нетранспаретна.

Нас не не засега кој ќе раководи со Прес тимот на ОО СДСМ и кој стои зад соопштенијата, бидејќи во најмала рака тие се трагикомични и неосновани. Тоа се потврдува и со именуваниот портпарол кој во своето излагање заборави да каже дали бил член на ВМРО-ДПМНЕ и до кога е неговото членување во оваа политичка опција.

Треба да се има основна политичка култура и позадина кога се излегува пред јавноста и за секој кажан збор треба да се понесе одговорност.

Во врска со претседателот на ОО СДСМ Ногачески, по кој знае кој пат укажуваме дека прераспределбата на работните простории е во согласност со укажаната потреба на општината и согласно законските норми и регулативи, и напоменуваме дека се работи за дислокација на одделението за инспекциски служби, а не на државен службеник. 

Кога наведувате колку проценти на жители имало во тој регион каде што работи Ногачески, треба да ви биде јасно дека токму СДСМ се главните причинители со нивното 16 годишно владеење во Општина Дебрца за толкавиот број на населеност односно за големиот број на иселување од Општина Дебрца.

Потенцираме, дека Општина Дебрца го доживува својот развој и станува препознатлива Општина во регионални рамки. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ и градоночалникот на Општина Дебрца умеат да покажат како треба Посветено, одговорно и пред се домаќински да се работи за доброто на жителите на Општина Дебрца. Со таков и уште посилен интензитет ќе работиме и во следните години бидејќи пред и над се ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Игор Трајкоски се опцијата која ја избраа жителите на Општина Дебрца.“ – стои во реакцијата.