На 25.12.2013 година при претрес во магацински простор од кафетеријата „Фул“ во с.Лескоец Охрид, во сопственост на Љ.Џ.(45) биле пронајдени и одземени околу 7000 различни пиротехнички средства. СВР Охрид против Љ.Џ поднесе кривични пријави за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.