Традиционално учениците од Куратица добија новогодишни пакетчиња

Учениците од Основното училиште „Ванчо Николески“, традиционално, ја испратија 2013-та со новогодишна забава.

Како прва точка беше Македонско оро во изведба на учениците од 1-во до 8-мо одделение, по што следуваше претставата „Убавините на зимата“ со пријатните звуци на флејта и песната „Дедо Снешко“.

За да биде забавата уште поинтересна се потрудија учениците од одделенска настава со драмата „Снежана и седумте џуџиња“. На крајот од новогодишната програма со песната „Божиќ за секој од нас“, учениците се заблагодарија за присуството на гостите и им посакаа Среќна Нова 2014-та година, со многу здравје, среќа, бериќет и успех. За крај од претседателот на Месната заедница Горан Ангелоски традиционално учениците добија новогодишни пакетчиња.

PaketcinjaKuratica