Кривична пријава за кичевчанец поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“, полициската станица од Кичево, против М.И.(25) од Кичево поднесе кривична пријава.

Пријавениот, казненото дело го извршил на седми овој месец во 18 часот и 45 минути на улицата „Партизански одреди“ во Кичево во момент кога под закана со нож од такси возачот А.М. противправно одзел 1800,оо денари.

Настанот се случил во населбата „Раштански пат“ до каде пријавениот претходно од центарот на градот побарал да биде превезен. Седејќи на задното лево седиште од возило марка „Мерцедес“ пријавениот наместо да плати за такси услугата, тој со употреба на нож кој му го ставил под вратот на такси возачот, противправно му одзел 1800,оо денари од дневниот промет. Притоа вербално му упатил повеќе сериозни закани по што со одземените пари избегал од возилото.

Пријавениот М.И. е познат на службата како сторител на повеќе казнени дела против кого биле поднесувани кривични пријави.