Данска 29-21 Македонија

Македонската ракометна репрезентација со пораз од актуелниот европски првак Данска го започна Европското првенство кое се одржува во Данска.

Македонската репрезентација натпреварот го започна доста слабо, играа слабо во одбрана, а без реализација во напад, додека пак домашните беа расположени за игра и уште на самиот почеток на натпреварот дојдоа во водство од 5-0. Во продолжение на првото полувреме нашите ракометари успеаа да постигнат некој гол со што предноста беше намалена, па Данците на полувреме заминаа со резултат 12-8.

Второто полувреме не беше многу поразлично од првото. Данците покажаа дека се фаворити на овој натпревар. Нашите генерално не делуваа како што треба на теренот, а домаќинот рутински ги завршуваше акциите, со што поразот беше неизбежен. Данска со резултат 29-21 го доби овој натпревар.

Во рамките на Групата А, покрај Данска и Македонија се и Австрија и Чешка. Австрија ја победи Чешка со 30-20 и моментално се наоѓа на првото место во групата.

Во вторник (14 јануари) Македонија ќе игра против Чешка во 18:15 часот.

WebOhrid