ВМРО-НП: За што служат просториите на Охридско Лето?

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите, по повод партиските состаноци во просториите на „Охридско Лето“.

„Пред два дена во просториите на реномираниот и светски познат фестивал „Охридско Лето“, Унијата на жени на ДПМНЕ од Охрид одржа состанок. Фотографиите кои ги добивме укажуваат на непрофесионализмот во водењето на овој фестивал и злоупотреба на државни простории за партиски цели.

Ја прашуваме директорката на фестивалот „Охридско Лето“ за што служат просториите на дирекцијата. Дали во просториите на фестивалот кој функционира од парите на граѓаните, владеачката партија треба да одржува состаноци. Наместо сега во тие простории да се работи на организацијата на фестивалот за наредното лето, во нив партиските структури на движењето ДПМНЕ си одржуваат редовни состаноци.

За жал, од вакви и слични ситуации одамна е нарушено реномето на фестивалот со кој Охрид и охриѓани се идентификуваат во целиот свет. За жал кадрите на ДПМНЕ истиот го доведоа до ова ниво на непрофесионализам.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија Охрид.

DPMNE_zeni_OhLeto_01 DPMNE_zeni_OhLeto_02 DPMNE_zeni_OhLeto_03