Македонија 25-31 Унгарија

Македонската репрезентација претрпе пораз од Унгарија на Европското првенство во ракомет кое се игра во Данска.

Иако важен натпревар за понатамошен успех на првенството, Македонија одигра прилично слабо. Може да се каже дека мечот беше решен уште во првото полувреме кое заврши 9-16 за Унгарија.

Второто полувреме беше далеку подобро за нашата репрезентација, но предноста од првото полувреме на крајот сепак се покажа како недостижна. Разликата што ја имаа Унгарците цело време се задржа на 7 голови предност, а на крајот Македонија дојде до негатива од шест голови, со конечен резултат 25-31.

Следните натпревари кои ќе ги игра нашата репрезентација се:

20 јануари (понеделник) 16:00 Македонија – Исланд

22 јануари (среда) 16:00 Македонија – Шпанија

WebOhrid