ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.Д.(41) од с.Октиси, струшко, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.04.2013 година, на регионалниот пат Струга-Дебар од страна на полициски службеници од ПС за БПС е запрено патничко возило „опел“ управувано од пријавениот, по извршен преглед во возилото во багажникот под резервната гума се пронајдени четири куршуми кал. 9 мм. наменети за повеќе модели пиштоли и одредени автоматски оружја.