Градски пазар издава под закуп деловен простор

Комисијата за избирање најповолна понуда формирана со Одлука од Директорот на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР“ ОХРИД, бр. 02-87/1 од 30.01.2014 година, распишува:

О Г Л А С

За издавање под закуп на деловен простор од 30 м² во Градски пазар Охрид ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп деловен простор на приземје од 30 м² лоциран на јужната страна во Градски пазар Охрид, за период од 1 (една) година, со почетна цена од 370 ден. Без ДДВ за м².

 – Заинтересираните понудувачи потрено е да достават понуда која ќе содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават и решение од Централен регистар за регистрација на дејност, а физичките лица копија од лична исправа.

 – Понудите да се достават до ЈП „Градски Пазар“ Охрид, на адреса Бул. Туристичка бб, во затворен плик со ознака – не отварај.

– Огласот трае до 07.02.2014 до 14 часот.

ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР“ ОХРИД

Комисија за избирање најповолна понуда