Охрид беше претставен на истанбулскиот туристички саем

Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР во соработка со кластерот за туризам „ЕДЕН“ и Туристичката агенција „Кошукавак“ од Турција, се претставија на меѓународниот саем за туризам во Истанбул – ЕМИТ 2014, кој се одржа од 30 јануари до 02 февруари.

Претставник од кластерот за туризам „ЕДЕН“ беше извршниот координатор Ружди Муфти.

Со над 200 илјади посетители од 70 земји од светот и над 4500 излагачи, Истанбулскиот саем претставува една од најголемите манифестации од ваков вид во светот, на кој се промовираше целокупната туристичка понуда на Охрид.