Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против П.В. (32) од Струга, полицаец во ПС за ГК и ГН „Ќафасан“ при РЦ за ГР „Запад“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 19.04.2013 година, пријавениот во својство на службено лице на ГП „Ќафасан“ бил распореден на работно место-пасошка контрола на излез од Р Македонија, кој по барање на царински службеник во компјутерската евиденција завел фиктивен излез на патничко возило „џип“ и моторцикл „хонда“, сопственост на лице од Скопје со што овозможил избегнување на царински давачки на штета на Буџетот на Р Македонија.