Известување за лицата корисници на стипендии од општина Охрид

Се известуваат лицата кои се корисници на стипендиите за основно, средно и високо образование, избрани по јавниот оглас што го распиша општина Охрид, дека во понеделник (17-ти февруари) треба да одат во Одделението за образование во Локалната самоуправа (кај Лиле Маркоска). Корисниците треба да достават трансакциска сметка и документ за идентификација. Малолетните корисници, доколку немаат своја, да достават трансакциска сметка на родителите или старателите.