Утре, 17-ти февруари (понеделник), со почеток во 10.00 часот, во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година. На брифингот за борбената готовност ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО, командантите на потчинетите команди и единици и клучниот персонал на ГШ на АРМ.
Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, кога му се реферира за борбената готовност на Армијата во изминатата година. Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, на брифингот за борбената готовност ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2013 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето.