ЈП „Нискоградба“ – Охрид, ги информира Правните лица корисници на услугите кои имаат заостанат долг по основ на неплатени фактури за одведување на отпадни и атмосфетски води, истиот можат да го отплатат на рати во зависност од висината на долгот.
Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител.
Сите заинтересирани лица во просториите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Булеварот „Железничка“, бб да се информираат и да склучат договор за плаќање на долгот.