СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (33) поради основано сомнение дека извршил две кривични дела – “тешка кражба на дрзок начин“ за што од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Кривичните дела пријавениот ги извршил во период од 13.12. 2013 до 13.02.2014 година, на подрачје на ПС ОН Аеродром, во попладневните часови на тој начин што на оштетените им приоѓал од зад грб и со употреба на физичка сила, насилно, во првиот случај одзел женска чанта (во која имало златно ланче, мобилен телефон, паричник со пари и други лични документи), а во вториот случај одзел мобилен телефон и паричник со пари и лични документи.
Притоа, по извршувањето на второто кривично дело пријавениот откако се качил во такси возило и се упатил кон Скопски Саем, од страна на ЕПОИ „Алфа“ бил пронајден и приведен во ПС ОН “Бит Пазар“ каде, во присуство на полициски службеници од ОИД-Отсек за дрски и разбојнички кражби во целост го признал второто дело, а додека првото го негирал.
Со потврда за привремено одземени предмети од Б.М. се одземени предмети од второто кривично дело и вратени на оштетената, а по претходна консултација со дежурен Јавен Обвинител извршено е класично непосредно препознавање од страна на првооштетената која со сигурност го препозна Б.М. како сторител на првата дрска кражба. Пријавениот е регистриран сторител на кривично дело по чл. 215 – “недозволена трговија со дрога“, за што е осуден на три месеци казна затвор.